Латвија ја затвора границата со Белорусија

Латвија-ја-затвора-границата-со-Белорусија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Латвија денеска одлучи да затвори еден од двата гранични премини со Белорусија, во обид да спречи илегална имиграција, пренесе агенцијата „ЛЕТА“.


Шефот на граничната полиција на Латвија изјави дека ситуацијата е најнапната од 2021 година поради големиот прилив на мигранти од Белорусија.

Граничарите во последните шест дена вратиле 894 лица кои се обиделе да ја преминат границата, а во текот на септември биле вратени 1.773 лица, пренесе агенцијата.

Во 2021 година, Летонија, Полска и Литванија се соочија со имиграциска криза кога илјадници луѓе, главно од Блискиот Исток и Африка, почнаа да ја преминуваат границата од Белорусија.

Полска и Литванија подигнаа огради на границите со Белорусија, а новата латвиска влада вети дека ќе го заврши подигнувањето на граничната ограда до крајот на годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK