Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека целта на средбата на главните преговарачи меѓу Белград и Приштина минатата недела во Брисел е да се разјаснат преостанатите отворени прашања и оти разговорите ќе продолжат во следните недели.
– Разговаравме за понатамошниот пат за спроведување на Договорот од 27 февруари и имавме за цел да ги разјасниме преостанатите отворени прашања. Иако наоѓањето заеднички јазик може да биде предизвик, успеавме да постигнеме одреден напредок, напиша Лајчак на Фејсбук, сумирајќи ја минатата недела.
Според него, разговорите ќе продолжат и во наредните недели.