Кулеба: Украина ќе ги добие авионите Ф-16 според планот, Русија тоа мора да го прифати

kuleba_34343343434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека руското раководство треба да се плаши од украинскиот војник, а не од авионите Ф-16 што ќе и бидат испорачани според планираното.

„Единствената закана за Русија е украинскиот војник. Од тоа најмногу треба да се плашат Путин и неговиот тим. Украина ќе добие Ф-16 според планираното. Русија мора да го прифати и покрај изјавите на Лавров“, напиша Кулеба на Твитер.


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека Москва ќе ја смета испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина за „нуклеарна закана“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK