Критичарот на Путин, Стрелков оди во затвор, одбиена му е жалбата

strelkov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Игор Гиркин, попознат како Стрелков, ќе оди во затвор на четири години бидејќи жалбата му беше одбиена, јави руската државна агенција РИА.


Гиркин е поранешен офицер на ФСБ, познат руски националист и жесток критичар на Владимир Путин. Во јануари Гиркин беше осуден од московскиот суд за поттикнување екстремизам, што тој го негираше.

Судот во Холандија на крајот од минатата година пресуди дека Русија имала контрола над сепаратистите во источна Украина кога авионот на Малезија ерлајнс беше соборен во 2014 година, при што загинаа сите 298 луѓе во него. Авионот на летот MH17 летал од Амстердам за Куала Лумпур.

Стрелков и уште еден руски државјанин, како и еден Украинец беа осудени бидејќи било констатирано дека дејствувале како дел од сепаратистичка група во 2014 година. Гиркин, тогашен воен лидер на таканаречената Народна Република Доњецк, беше осуден за поставување ракети, а Дубински за организирање на транспортот на ракетниот систем Бук. Судот утврди дека Харченко го надгледувал и чувал споменатиот ракетен систем.

Игор Гиркин беше во центарот на настаните во Украина. Тој беше еден од клучните луѓе на Путин за преземање на Крим. Тој со група вооружени лица пристигна на Крим, каде според неговото признание, со закани со оружје ги принудиле локалните претставници да гласаат за референдум за отцепување.

По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Доњецк, повторно со група вооружени лица. Неговиот тим ги окупираше административните згради во Славјанск и го прогласи создавањето на „Доњецка народна република“. Гиркин дури извесно време беше министер за одбрана на ДНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK