Кремљ: Состојбата на Блискиот Исток е најалармантна досега

izrael-napadnat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите страни на Блискиот Исток на воздржаност.


– Сите инволвирани страни треба да се воздржат од провокативни дејствија и да покажат воздржаност и одговорен пристап во согласност со познатите одлуки на Обединетите нации и Советот за безбедност – изјави за новинарите портпаролката на Министерството Марија Захарова.

Во Пекинг, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека се спротивставува на кршењето на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Либан и потези кои поттикнуваат антагонизам и ги ескалираат тензиите.

– Кина ја повикува меѓународната заедница, особено големите влијателни земји, да одиграат конструктивна улога и да избегнат понатамошни превирања – се наведува во соопштението.

Беше наведено дека Кина верува дека борбите во Газа се коренот на оваа рунда превирања на Блискиот Исток и дека сите страни мора итно да работат на сеопфатен и траен прекин на огнот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK