Кремљ: Путин се капеше во ледена вода

Кремљ-Путин-се-капеше-во-ледена-вода.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин утрово се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.


На прашањето дали 71-годишниот претседател се капел за Богојавление, Песков одговорил: „Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата“. Православните верници ширум светот денеска го слават Христовото крштевање, еден од најголемите христијански празници.

Традиционалното капење обично се случува во раните утрински часови на 19 јануари. Во 2018 година, Кремљ за прв пат објави дека Путин го прославил празникот на традиционален начин. Според Песков, Путин претходно ја следел традицијата, но не ја рекламирал. Минатата година Путин се капеше во предградие на Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK