Крадци упаднале во магацин во Германија и украле 16.000 четки за заби

Крадци-упаднале-во-магацин-во-Германија-и-украле-16000-четки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Крадци кои упаднале во складиште за логистика во западна Германија успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата. Непознатите крадци побегнале од магацинот во градот Дуизбург со сеф тежок повеќе од 100 килограми.


Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра. Кражбата се случила минатиот викенд, но во вторникот била објавена во полициско соопштение.

Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Полицијата во моментов ги анализира индициите на местото на злосторството и снимките од видео надзорот, а се надева и на помош од очевидци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK