Командантот на данската армија поднесе оставка

Командантот-на-данската-армија-поднесе-оставка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на данската армија, генерал-мајор Гунер Арпе Нилсен, поднесе оставка поради неопходните реформи на воените сили по руската инвазија на Украина, соопштија данските вооружени сили. Новиот командант се очекува наскоро да биде назначен и да ја преземе функцијата на 1 април кога Нилсен ќе ја напушти функцијата по три години поминати во службата.


Нилсен минатата година призна дека почетокот на војната во Украина и растечката воена закана од Русија ги открија големите празнини во способноста на Данска да ја брани својата територија и да ги исполни обврските на НАТО.

Независниот воен аналитичар Ханс Петер Михаелсен изјави за Ројтерс: „Многу е фрустрирачки што политичарите се затворени кога станува збор за тоа како треба да се трошат парите. Ништо не се прави за зајакнување на војската. Политичарите постојано зборуваат за потребата од инвестиции, но парите се уште не се стигнати до војникот“.

Данска е под притисок да ги доведе воените трошоци до целта на НАТО од 2 отсто од БДП. Воената помош за Украина, вклучително и донација на борбени авиони Ф-16, и помогна на Данска да ја исполни таа цел, иако големите инвестиции во сопствените сили допрва треба да се реализираат.

Минатата година Данска вети дека ќе инвестира 143 милијарди дански круни (речиси 20 милијарди евра) во одбраната во следните 10 години. Нилсен (57) ќе преземе нова улога како заменик-началник за развој и планирање на вооружените сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK