Командант, кучето на Бајден, гризнало друг агент на тајната служба

Командант-кучето-на-Бајден-гризнало-друг-агент-на-тајната-служба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Командант, двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џозеф Бајден, гризнал друг агент на тајната служба.


Како што јавува Би-Би-Си, нападот се случил во понеделникот вечерта, а агентот добил помош на лице место, се вели во соопштението на тајната служба.

Ова е 11-ти пат куче да гризне човек во Белата куќа или во домот на Бајден.

„Како што знаете, комплексот на Белата куќа може да биде единствен и многу стресен. Тоа е нешто за кое сум сигурен дека сите можете да го разберете“, рече портпаролката на Белата куќа.

„Тоа е уникатно и стресно за сите нас. Можете да замислите како е за домашните миленици“, додала таа.

Во јули, претставници на Белата куќа изјавија дека ќе пробаат нови техники за обука на Командант.

Второто куче на Бајден, Мејџор, исто така беше вклучено во повеќе инциденти со агенти на тајната служба, додава Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK