Колапс на сите аеродроми во Москва, летовите откажани поради нападите од дронови

1692612786_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите московски аеродроми се буквално во хаотична состојба, пишува британскиот печат, поради новите напади со беспилотни летала врз руската престолнина.



Сите дојдовни и појдовни летови се откажани поради напади со беспилотни летала камикази, наводно испратени од Украина, пишуваат медиумите.

Според извештаите на надлежните служби, утринава во Москва се слушнале експлозии, а градскиот противвоздушен систем успеал да лоцира и собори два дрона.

Сепак, како што пренесуваат агенциите, две лица се повредени при пад на делови од соборениот дрон.

Соопштено е дека остатоците од еден од двете беспилотни летала што денеска ги пресретнаа руските воздухопловни сили паднале врз градинарска куќа во градски округ, пренесува „Известија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK