🔴За апсолутно мнозинство во парламентот потребни се 289 пратенички места
🔴Право на глас имаа над 49 милиони граѓани
🔴Резултатите од овие избори се значајни за европската поддршка за Украина, глобалната дипломатија и економската стабилност на ЕУ
🔴Претседателот Макрон ги распишаа овие предвремени избори по значителната загуба на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни
Водачот на Националниот собир (РН) Џордан Бардела, кој се надеваше дека ќе биде следниот премиер на Франција, одржа прес конференција.
Тој го критикува „неприродниот“ и „нечесен сојуз“ кој „го лиши францускиот народ“ од победата на РН: „Вечерва, овие сојузи ја фрлаат Франција во прегратките на крајната левица на Жан-Лук Меланшон“.
Тој забележува дека РН беше прва на европските избори, во првиот круг од парламентарните избори и сега го удвои бројот на пратеници.
„Ова се темелите на утрешната победа“, вели тој.
Тој додава дека претседателот Макрон ја турнал земјата кон „неизвесност и нестабилност“.
„Денес сите разбираат дека аранжманите оркестрирани од Елисејот… нема да одат никаде“, вели Бардела.
Тој вели дека ја разбира „фрустрацијата“ на францускиот народ, но додава: „Веќе со месеци се засили ветерот на надежта и никогаш нема да престане да дува“.
„Се почнува вечерва“, вели тој.