Кинеските научници експериментираа со мутиран вид на коронавирус кој се покажа дека е 100 проценти смртоносен кај „хуманизираните“ глувци – и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.
Како што пишува „Јутарњи лист“, научниците од Пекинг, кои се поврзани со кинеската армија, клонирале вирус сличен на корона и го користеле за да заразат глувци.
„GX_P2V“ ги нападнал мозоците на глувците кои биле конструирани да рефлектираат сличен генетски организам на луѓето, и било проценето како вирусот би можел да реагира доколку зарази луѓе, објави студија од Пекинг минатата недела.
„Ова го нагласува ризикот од пренесување на „GX_P2V“ на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со корона“, напишаа авторите на студијата.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на „GX/2017“, слична на коронавирусот откриен кај малезиските панголини во 2017 година, три години пред пандемијата.
Сите глувци кои биле заразени со вирусот умреле за само осум дена, а истражувачите истакнуваат дека станува збор за изненадувачки брза смртност.
Вирусот „GX_P2V“ ги инфицирал белите дробови, коските, очите, душникот и мозокот на глувците и на крајот ја предизвикал нивната смрт. Во деновите пред смртта, глувците брзо изгубиле тежина, се стуткале и слабо се движеле. Можеби најстрашното од се, еден ден пред да умрат, нивните очи целосно побеле, пишува Њујорк пост.
Ова е прва студија од ваков вид што објави 100 отсто стапка на смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со корона и далеку ги надминува резултатите од другите студии. Но, резултатите од оваа студија не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Експертот за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, Франсоа Балу, го критикуваше ова истражување и го нарече научно целосно бесмислено.
„Не гледам ништо што би можело да се научи од насилно инфицирање на необичен вид хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, познато е дека таквите работи можат да тргнат наопаку“, напиша професорот на социјалната мрежа Икс.
„Нивото на биолошка безбедност и мерките на претпазливост користени во истражувањето не се прецизирани. Отсуството на оваа информација ја зголемува можноста дека дел или целото ова истражување, како она во Вухан во 2016-2019 година, кое веројатно ја предизвика пандемијата на корона, е непромислено спроведено без минимална биолошка безбедност и практики неопходни за истражување на потенцијалните причини за пандемијата“, истакнува Балукс.
Ричард Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот Ругер, ја повтори загриженоста на Балух со едноставно: „Се согласувам“.
Пензионираниот професор по медицина на Стенфорд, Генадиј Глински, напиша дека „ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“.
Се чини дека оваа студија од 2024 година нема никаква врска со Кинескиот институт за вирологија во Вухан.