Кинеските власти уапсиле пет лица поради прикривање на бројот на жртвите во поплавата

kina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските власти уапсија пет лица под сомнение дека го прикриле бројот на жртвите во поплавата на градилиште во провинцијата Сечуан, објавија државните медиуми во Кина.


Приведени се пет лица вклучени во градежниот проект, јавува Ројтерс.

По истрагата, претставници на локалната власт објавија дека четири лица загинале, 48 се водат за исчезнати, а 149 се спасени во поплавата во округот Јинјанг на 21 август, објавија државните медиуми.

Првично властите во Џинјанг соопштија дека 79 лица се спасени, а шест лица се водат како исчезнати, пренесуваат светските медиуми.

Регионите ширум Кина претрпеа неколку недели обилни дождови кои предизвикаа смртни случаи, големи поплави и лизгање на земјиштето, според Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK