Кинеските компании имаат намера да побараат од владата антидампинг истрага за увоз на некои свински производи од Европската унија, пишува државниот „Глобал Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор од деловни кругови.
Извештајот е објавен на платформата Х и во онлајн изданието, без да се наведат детали, пишувааљт медиумите во регионот.
Информациите на изворот за барањето антидампинг давачки за увоз на свинско месо од ЕУ се совпаднаа со зголемените трговски тензии меѓу Европската унија и Кина. ЕУ отвори истрага за увоз на повеќе производи од Кина за да ја заштити домашната индустрија, користејќи за првпат овластувања за проверка на кинеските тендери.
Брисел на тој начин го подготвува теренот за ретроактивни царини за кинеските електрични автомобили, а исто така го проверува увозот на соларни панели и производи од челик, пиѓува медиумот.
Лиу Бин, главен експерт на кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување (CATARC) и заменик-директор на Кинескиот истражувачки центар за автомобилска стратегија и политика, изјави за „Global Times“ минатата недела дека Кина треба да ги зголеми тарифите за увоз на големи автомобили од 15 на 25 проценти.