Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена


kina-zastava.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.


Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година, ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани кои имаат обични пасоши, пренесува Танјуг.

Според него, Русите можат да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.

„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави, кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАС.

Во таа прилика, тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK