Кина почнува проекти за брак на „новата ера“ и повеќе деца

kina-deca
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина ќе почне проекти во повеќе од 20 градови за да создаде брак на „нова ера“ и култура на раѓање што е најнов потег на властите за зголемување на наталитетот.

Националното тело, Здружение за планирање на семејството, што ги спроведува владините популациски мерки, ќе почне проекти насочени кон охрабрување на жените да се мажат и раѓаат, објави „Глобал тајмс“.


Фокусот е на промовирање на бракот, раѓање деца на соодветна возраст, охрабрување на родителите да подеднакво да учествуваат во одгледувањето на нивните потомци и потиснување на застарените обичаи како што е „купување невеста“, објави весникот. Општеството мора посилно да ги води младите кон концептот на брак и раѓање деца, изјави демографот Хе Јафу.

Новите проекти се надоврзуваат на голем број постоечки мерки што ги спроведуваат кинеските провинции за да ги поттикнат граѓаните да станат родители, како што се даночни олеснувања, субвенционирано домување и бесплатно образование за трето дете.

Од 1980 до 2015 година, Кина ја спроведуваше политиката „едно дете“, што доведе до демографски промени и резултираше со тоа што Индија стана најнаселена земја во светот. Оттогаш, границата е зголемена на три деца.

Загрижени за првиот пад на населението во изминатите 60 години и стареењето на населението, владините советници во март предложија да им се дозволи на немажените жени процедура за замрзнување јајце-клетки и вештачко оплодување, некои од мерките што треба да ги зголемат стапките на фертилитет.

Голем број жени во Кина не сакаат да имаат деца поради високите трошоци или затоа што би морале да ја прекинат својата кариера, а родовата дискриминација сè уште е голем проблем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK