Кинеската амбасада на Филипините ја обвини американската војска за „лицемерие и злоба“ за „дискрредитирање“ на кинеските вакцини за време на пандемијата на коронавирус.
Коментарите на портпаролот на кинеската амбасада во Манила беа одговор на истражниот извештај на Ројтерс, во кој се наведува дека американската војска започнала тајна програма за време на пандемијата на коронавирус за да ја дискредитира кинеската вакцина „Синовак“ на Филипините, пренесува Ројтерс.
Истрагата откри дека американската војска сакала да фрли сомнеж за безбедноста и ефикасноста на наведените вакцини и друга спасувачка помош обезбедена од Кина за време на пандемијата.