Северна Кореја, по наредба на својот лидер Ким Џонг-Ун, уништи споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја.
Сателитските снимки на Пјонгјанг денеска покажуваат дека споменикот, лак што ја симболизира надежта за обединување на Кореја, повеќе не постои, пренесува „НК Њуз“, портал кој ја следи Северна Кореја. Споменикот висок триесет метри е изграден по меѓукорејската средба одржана во 2000 година.
BREAKING: North Korea appears to have demolished a large monument in Pyongyang symbolizing hope for unification with South Korea, according to NK News analysis of satellite imagery, after leader Kim Jong Un ordered it be removed earlier this month. https://t.co/pUjWc77COI
— NK NEWS (@nknewsorg) January 23, 2024
Во средината на јануари, Ким го нарече „трн во окото“ на седницата на собранието каде што нареди измена на уставот за прогласување на Јужна Кореја за непроменлив „главен непријател“.
Тензиите меѓу двете Кореи се зголемија по засилените воени маневри на Јужна Кореја и САД, откако Северна Кореја тестираше оружје и објави дека се подготвува за „нуклеарна војна“ со своите непријатели.