Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе продолжи целосно да ја поддржува руската политика


13933317.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Русија и нејзините политики, објави денес државната медиумска агенција КЦНА.


Во нов знак на поддршка за Русија, Ким Џонг Ун разговараше за меѓународната политичка ситуација со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, кој, заедно со остатокот од руската делегација, присуствуваше на церемонијата на завршување на споменикот на севернокорејските војници загинати во борбите во рускиот регион Курск, каде што украинските сили започнаа напад во 2024 година.

„Северна Кореја ќе продолжи целосно да ја поддржува политиката на Русија за одбрана на нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и безбедносни интереси“, рече Ким, според КЦНА.

Повеќе од 6.000 севернокорејски војници загинаа во војната меѓу Русија и Украина
Претходно беше објавено дека Северна Кореја испратила речиси 15.000 војници да се борат заедно со руските сили во Курск, откако двете земји постигнаа договор за меѓусебна одбрана. Украинските и западните претставници изјавија дека повеќе од шест илјади војници од Северна Кореја загинале во тие битки.

Освен со рускиот министер за одбрана, Ким Џонг Ун се сретна и со Вјачеслав Володин, претседателот на рускиот парламент и близок човек на рускиот претседател Владимир Путин, при што беше потврдена намерата на двете земји за продлабочување на билатералните врски.

„Преку заеднички напори, Русија и Северна Кореја ќе продолжат да го зајакнуваат своето целосно стратешко партнерство“, објави телевизијата KCNA како заклучок од овие состаноци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK