Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура

pristanisna infrastruktura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти.

До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито.


„Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна команда за југот на земјата.

Украинската противвоздушна одбрана ги уништила проектилите, но остатоците од проектилите „ја оштетиле пристанишната инфраструктура и неколку приватни куќи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK