Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка

UKraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар.

На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените подрачја до 13 часот по локално време.


Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселеа илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење. Киев тврди дека пукањето на руската брана е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK