Кетрин Колона: Асад мора да биде изведен пред лицето на правдата

kolona
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сирискиот претседател Башар ал Асад мора да биде изведен пред суд за „стотици илјади смртни случаи“ и „употребата на хемиско оружје“ за време на граѓанската војна во земјата, оцени француската министерка за надворешни работи Катрин Колона. Таа истакна дека „борбата против злосторствата, против неказнивоста е дел од француската дипломатија“.







Минатата недела, Асад се врати на регионалната сцена со настап на самитот на Арапската лига, откако во таа меѓународна организација му беше забранет пристап една деценија.

Но, Колона рече дека Париз нема да ја промени својата политика кон сирискиот владетел. – Мораме да се потсетиме кој е Башар ал Асад. Тој е лидер кој е непријател на сопствениот народ повеќе од 10 години, изјави таа за време на денешното телевизиско интервју

– Укинување на санкциите на Европската Унија против сирискиот режим секако не е планирано, додаде таа. – Додека не се промени, додека не се заложи за помирување, за борба против тероризмот, за борба против дрогата… додека не ги исполни своите обврски, нема причина да го промениме нашиот однос кон него, рече Колона. – Мислам дека од него зависи тој да се промени, а не од Франција да го промени нашиот став, додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK