Кечијанг во Париз ги повика Кина и Европа „да се издигнат над разликите“

kechijang
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на денешниот Самит во Париз ги повика Кина и Европа да се „издигнат над разликите“ и да најдат „креативни решенија“ за решавање на глобалните прашања, како што се климатските промени и намалувањето на сиромаштијата.

„Кина недвосмислено ќе го отфрли трговскиот протекционизам и сите форми на раздвојување и прекин на синџирите на снабдување“, рече Кечијанг на последниот ден од дводневниот самит.


Тој додаде дека Кина ќе продолжи да презема практични чекори за поддршка на земјите во развој.

Клучните цели на самитот беа да се олесни товарот на долгот за некои од најранливите земји во светот со пронаоѓање начини за ослободување на милијарди долари во нови средства за финансирање на борбата против климатските промени.

„Кина е подготвена да се вклучи во напорите за намалување на долгот на ефективен, реален и сеопфатен начин во согласност со принципот на правично споделување на товарот“, рече Кечијанг.

Замбија на Самитот постигна Договор за реструктуирање на долгот од 6,3 милијарди долари кон други влади, вклучително и Кина, нејзиниот најголем официјален доверител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK