Катар: Израел и Хамас се согласија на предлог за прекин на огнот

Израелската-армија-тврди-дека-открила-едно-од-најголемите-складишта-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, а позитивна реакција дојде и од палестинското движење Хамас, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ансари.


„Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот и ја добивме првата позитивна реакција од Хамас“, рече Ансари.

Катарските и египетските посредници му го претставија на Хамас оваа недела првиот конкретен предлог за продолжен прекин на огнот во Газа, договорен со Израел и САД во Париз минатата недела.

Хамас претходно објави дека го проучува текстот и подготвува одговор.

Израел и Хамас се уште немаат дадено официјална изјава за ова прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK