Катаклизма во Шпанија: Две лица загинаа во страшна бура, реки од кал носеа автомобили

spanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во централна Шпанија во неделата и рано утринава, соопштија властите.

Поради невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови, соопштија властите.


Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.

Во многу области падна град, пренесува Ројтерс. Две лица загинаа во рурална област околу Толедо, изјави портпаролот на полицијата.

Еден човек и неговиот син исчезнале кога нивниот автомобил паднал во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во регионот на Мадрид, а момчето било спасено.

Потрагата е во тек по 54-годишна жена и 83-годишен маж, додава Ел Паис.

Неколку патишта во областа Мадрид беа затворени, а неколку мостови се урнаа поради излевање на водата од бреговите на реките.
Во центарот на Мадрид денеска беа прекинати неколку линии на метрото, но повеќето беа обновени во поголемиот дел од градот.

Брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија, која беше прекината поради обилните дождови, утрово е обновена, но железничкиот сообраќај се одвива побавно од вообичаеното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK