Камион влета во пешачка зона, едно лице загина, шестмина повредени во Германија

Камион-влета-во-пешачка-зона-едно-лице-загина-шестмина-повредени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







37-годишна жена загина, а пет пешаци и еден возач на камион се префрлени во блиската болница кога камион денеска влетал среде пешачка зона во германскиот град Пасау. Според очевидци, камионот удрил во група луѓе среде пешачка зона во близина на железничката станица, пренесува „Билд“.

Друг сведок изјавил дека се работи за камион тежок повеќе од седум тони, пренесе „Мирор“.

Инцидентот се случил на една од главните улици во градот, Банхофштрасе. Се додава дека големо возило удрило во неколку лица, меѓу кои имало и деца. Полицијата на Долна Баварија соопшти дека денеска се случил сериозен сообраќаен инцидент.

Камионот удрил во неколку лица, една жена загинала, а најмалку четири лица се тешко повредени. „Повреден е и 63-годишниот камионџија“, соопшти полицијата. Од силината на ударот жената (37) починала на лице место, додека останатите минувачи се тешко повредени и со хеликоптер биле пренесени во околните болници.

Се претпоставува дека е повредена и ќерката (11) на трагично повредената жена. Од полицијата додаваат дека инцидентот се случил околу 10:00 часот по средноевропско време, а возачот продолжил да вози откако ја оставил робата. Возел покрај запрено возило и удрил во пешаци, јавува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK