Камбоџанскиот премиер Хун Сен најави дека ќе поднесе оставка

hun sen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Камбоџанскиот премиер Хун Сен, еден од лидерите со најдолг стаж во светот, денеска изјави дека ќе поднесе оставка и ќе му ја предаде власта на својот најстар син, по речиси четири децении тврдокорно владеење.

„Би сакал да побарам разбирање од народот, бидејќи најавувам дека нема да продолжам како премиер“, нагласи тој во специјален пренос на државната телевизија.


Хун Сен додаде дека неговиот син Хун Манет ќе ја предводи новата Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK