Камбоџа: Чинот на Тајланд е брутална и незаконска воена агресија


Screenshot-2025-07-24-074618.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството на националната одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување преголем број војници, користење тешко оружје и изведување воздушни напади во обид насилно да се заземе територија на Камбоџа, јавува Би-би-си.


Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и незаконска воена агресија“ и „очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумите Khmer Times.

Исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.

„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека војската е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.

Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, објави воен функционер.

Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK