Бурно време пропратено со обилни врнежи, грмежи и град ја погоди вчера американската сојузна држава Калифорнија, објавија американските медиуми.
Метеоролозите најавија дека може да се очекува торнадо, но тоа не се случи и поради таа причина нема значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја поради налетот на бурен ветер, објавено е на официјалната веб-страница на калифорниската електрична мрежа.
Според локалните служби, невремето поплавило некои патишта, соборило дрвја, а аеродромот во Санта Барбара е привремено затворен.
„Националната метеоролошка служба во Сакраменто издаде предупредување за торнадо за делови од округот Плумас и округот Бат во северна Калифорнија, но освен силен дожд, повремен град и грмотевици, нема торнада“, потврди метеорологот Џефри Вуд.