Калас: Русија ги загрозува животите низ цела Европа со своите хибридни напади


kalas-k-depositphotos_648100128_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Русија ги загрозува животите на луѓето низ цела Европа со своите, како што изјави, хибридни напади.


„Европа забележа нагло зголемување на руските хибридни напади и обиди за саботажа, како и на повредите на воздушниот простор во последните недели“, изјави таа за новинарите во Брисел, според Ројтерс.

Како што додаде, руските ракети и беспилотни летала повторно го нарушија воздушниот простор на Молдавија во текот на изминатиот викенд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK