– Премиерката на Естонија Каја Калас денеска изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека продолжува руската агресија против Украина.
Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.
„Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани – дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека продолжува руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија на Твитер.