Јужнокорејското Министерство за одбрана објави дека оваа година ќе лансира уште два воени шпионски сателити, со што ќе заврши планираното распоредување на пет сателити, чија цел е да се подобри надзорот на заканите од Северна Кореја.
Министерството го претстави планот како дел од своите цели за 2025 година, откако Јужна Кореја минатиот месец успешно го лансираше својот трет шпионски сателит како дел од програмата за ставање пет воени сателити во орбитата до крајот на оваа година, објави Јонхап.
Јужна Кореја го лансираше својот прв шпионски сателит во декември 2023 година, а вториот следеше во април минатата година.