Јорданскиот министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

677z381_netanjahu-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска изјави дека меѓународната заедница треба да го спречи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го сврти вниманието на светската јавност од Појасот Газа кон конфликтот меѓу Израел и Иран.


Во изјава за медиумите за време на заедничката конференција со неговата германска колешка Аналена Бербок, тој рече дека Иран одговорил на нападот врз неговиот конзулат во Дамаск, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ние сме против ескалација. „Нетанјаху сака да го оттргне вниманието од Газа и да го префрли фокусот на Иран“, рече Сафади, пренесува Танјуг.

Воздухопловните сили на Јордан пресретнале десетици ирански беспилотни летала во сопствениот воздушен простор за време на нападот на Иран врз Израел изминатиот викенд, велејќи дека тоа го направиле за да се осигура безбедноста на своите граѓани.

Јордан, исто така, дозволи израелски борбени авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор за да ги соборат дојдовните проектили, при што ловците на двете земји беа координирани од американската војска, што е како што се оценува првпат Израел и Јордан да се борат на иста страна, пренесуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK