Јокиќ: Ѓоковиќ е мајстор на својот занает и веројатно еден од најголемите тенисери во историјата


jokik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го смета Новак Ѓоковиќ за еден од најдобрите тенисери на светот.

Вчера познатиот српски тенисер го освои турнирот Ролан Гарос. Ѓоковиќ со 23. Грен слем трофеи стана рекордер, престигнувајќи го Рафаел Надал кој има 22.


-Немам зборови да го опишам. За него веќе се е кажано. Тој е мајстор на својот занает и веројатно еден од најголемите тенисери во историјата, рече Јокиќ.

До вреден трофеј вечер по полноќ може да дојде и Јокиќ. Неговиот тим Денвер нагетс со евентуална победа над Мајами хит ќе стане шампион на НБА-лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK