Јермак: Контраофанзивата на Киев „не напредува толку брзо“

jernak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Контраофанзивата на Киев, соочена со отпорот на руските сили, „не напредува толку брзо“, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

– Денес контраофанзивата не напредува толку брзо. Кога ќе видиме дека нешто не оди како што треба, треба да го кажеме тоа. Никој нема да ја разубави ситуацијата, вели Јермак.


Тој исто така рече дека западните сојузници не вршат никаков притисок врз Киев по ова прашање, туку само прашуваат како можат да помогнат.

– Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина, рече Јермак, кој важи за десна рака на украинскиот претседател Зеленски.

Украина нема да преговара со Русија додека нејзините војници не ја напуштат украинската територија, додаде тој.

– Нашиот став е јасен. За такви преговори евентуално е можно да размислуваме откако руските сили ќе се повлечат од нашата територија. Цел свет знае дека нема да разговараме со Русите пред тоа, рече Јермак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK