Јеменските Хути киднапирале товарен брод во јужниот дел на Црвеното Море додека пловел од Турција кон Индија, а според првите информации на него има членови на екипажот од Балканот.
Израел денеска негираше дека на бродот имало негови граѓани и изјави дека зад киднапирањето стои „ирански тероризам“.
Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху објави соопштение во кое го обвини Иран за инцидентот.