Јапонски борбени авиони денеска беа ставени во состојба на готовност откако два руски извидувачки авиони беа забележани во близина на крајбрежјето на земјата, во Тихиот Океан и во Јапонското Море, се наведува во кусото соопштение на Јапонскиот Генералштаб.
Инцидентот не е прв од ваков вид. Тоа се случи само неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше на самитот на Г7 во Хирошима, каде што сите членови на групата ја потврдија својата поддршка за неговата земја против руската инвазија.