Јапонија и Јужна Кореја денеска објавија дека воведоа санкции против поединци и компании од Северна Кореја, кои учествуваа во развојот на нуклеарната и ракетната програма на таа земја.
Јапонија воведе санкции против три компании и четири лица вклучени во развојот на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека вовело санкции против пет севернокорејски поединци и една компанија поради ракетната програма на земјата.