Ја убил сопругата во Германија, ги сокрил деловите од телото

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Судот во Ахен започна судењето на 41-годишниот Манфред Г., кој е осомничен дека ја убил својата сопруга во куќа во Гилрат во 2016 година.


Случајот се сметаше за затворен се додека телото на убиената Дороти, која за време на убиството имала 29 години, не беше пронајдено во август минатата година. Телото било пронајдено во новата куќа во која живеел 41-годишникот со синот и новата партнерка. Во судот беше кажано дека 41-годишникот ги зел со себе остатоците од телото откако се иселил од старата куќа и се вселил во нова куќа, пренесува „Fenix ​​Magazine“.

Како што пренесуваат германските медиуми, Дороти исчезнала на 8 октомври 2016 година. Во тоа време, таа живеела со сопругот и синот во малиот град Систерзел. На тој ден, како што соопштија од државното правобранителство, младата жена разговарала со своето ново момче. Дороти сакала да се разведе од сопругот. Таа сакала да се пресели во јужна Германија со новата љубов и нејзиниот син.

Сопругот на Дороти самиот отишол во полиција во октомври 2016 година и пријавил дека неговата сопруга исчезнала. Според информациите на истражителот, Манфред Г. изјавил дека се скарал со сопругата, по што таа едноставно побегнала.

Полицијата веднаш започналаголема акција за пребарување. Тие пребарувале шумски површини и езера. Но, стотици полицајци, нуркачи, кучиња и експерти со најнова форензичка технологија не нашле никаква трага од Дороти.

Од самиот почеток, одделот за убиства се сомневаше во верзијата на приказната на сопругот. Зистерсел е мал град со 1.600 жители, но во градот има камери. Полицијата ја прегледала снимката, но никој не бил на улица на 18 октомври 2016 година.

Полицијата се посомневала дека жената починала во куќата. Инспекторите се посомневале во сопругот. „Тоа беше многу незадоволителна ситуација за сите нас. Знаевме кој е сторителот, но не можевме да го уапсиме. Неколку пати ја пребаравме куќата во Систерзел, го испрашувавме сопругот, но безуспешно“, изјави истражителот.

Инспекторите успеаја да направат пробив во случајот „Дороти“ дури минатиот август. Во шупата на куќата во Гејленкирхен-Гилрат во областа Хајнсберг, каде што сега живее Манфред Г. со својот син и новиот партнер, полицијата пронашла торба со делови од телото. Сопругот е уапсен.

Државното правобранителство претпоставува дека мажот од љубомора ја убил жената.

Судот во Ахен на 15 март ќе ја објави пресудата за случајот „Дороти“. Манфред Г би можел да добие доживотен затвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK