Израелските министри со барање, Палестинците да се иселат од Газа. САД: Тоа е палестинска земја

Израелските-министри-со-барање-Палестинците-да-се-иселат-од-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







САД денеска објавија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри кои се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира.

„САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир кои се залагаат за преселување на Палестинците надвор од Газа“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во изјавата, нарекувајќи ги изјавите „неодговорни“.
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир повика вчера да се вратат еврејските доселеници во Газа и да се „охрабри“ палестинското население да емигрира, еден ден по сличниот повик на министерот за финансии Безалел Смотрич.

„Неопходно е да се промовира решение што ќе го охрабри егзодусот на луѓето во Газа. Тоа е правилно, праведно, морално и хумано решение“, рече Бен Гвир за време на состанокот на неговата партија, според објавата што ја сподели на социјалните мрежи.

„Апелирам до премиерот и министерот за надворешни работи, ова е можност да се развие проект чија цел е да се поттикне емиграцијата на луѓето од Газа во другите земји во светот“, рече тој.

Според него, заминувањето на Палестинците од Појасот Газа, исто така, ќе го отвори патот за повторно воспоставување на еврејски населби на палестинска територија.

„Овие коментари се потпалувачки и неодговорни“, рече портпаролот на Стејт департментот, истакнувајќи дека „израелската влада, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, постојано кажуваат дека овие изјави не ја одразуваат позицијата на израелската влада“.

Соединетите Американски Држави веруваат „дека Газа е палестинска земја и ќе остане палестинска земја“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK