Израелскиот министер за одбрана: Хамас се обидува да ја прошири војната на Западниот Брег

Израелскиот-министер-за-одбрана-Хамас-се-обидува-да-ја-прошири.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, милитантната исламистичка организација Хамас сака да ја пренесе војната од Појасот Газа на Западниот Брег.


„Целта на Хамас е да ги запали Јудеја и Самарија (Западниот Брег), и ако е можно планината на храмот (во Ерусалим)“, рече Галант на состанокот со воените команданти од окупираниот од Израел, Западниот Брег.

„Хамас не успеа да ги деморализира Израелците или да постави клин меѓу Израел и САД со својот терористички напад врз Израел на 7 октомври“, продолжи Галант.

„Затоа сега имаат намера да го „запалат“ Западниот Брег и планината на храмот, место свето и за Евреите и за муслиманите“, рече тој.

Тој им рекол на своите команданти „да се подготват за војна“, да ги стават војниците во состојба на готовност и да соберат релевантни разузнавачки информации.

Од почетокот на војната во Газа по координираниот напад на Хамас во октомври минатата година, тензиите и судирите на Западниот Брег исто така се зголемија.

Минатиот петок израелската армија уби тројца Палестинци кои со огнено оружје се обидоа да нападнат еврејска населба во близина на Хеброн. Палестинците на Западниот Брег повторно страдаат од зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз нивните села, пренесува Дпа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK