Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир даде изјава во која предупредува на потенцијалните последици од можниот договор меѓу Израел и Хамас.
„Многу сум загрижен бидејќи се зборува за некаков договор… не држат подалеку и не ни ја кажуваат вистината. Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како договорот со Шалит“, рече тој.
Станува збор за договор од 2011 година, кога Хамас се согласи да го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит во замена за 1.027 затвореници.
Бен Гвир рече дека е загрижен за „договорот што може да донесе катастрофа“, истакнувајќи го можното ослободување на палестинските затвореници, како и дозволата за испорака на гориво во Појасот Газа.