Израелската полиција уби палестинско момче кое запали огномет

момче-палестина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граничен полицаец во бегалскиот камп Шуфат во окупираниот Источен Ерусалим застрела и уби 12-годишно палестинско момче кое палеше огномет. Си-ен-ен доби видео на кое се гледа Рами Ал Халхули, како стои меѓу другите деца, како држи запалена ракета за огномет над главата, по што следи пукање.


Момчето паднало на земја токму кога ракетата одлетала од неговата рака. Портпаролот на израелската полиција изјави дека полициските сили одговориле на насилен инцидент во кампот и дека граничен службеник пукал кон осомничениот кој им се заканувал на силите пукајќи со огномет во нивна насока.

Момчето беше убиено третата ноќ од муслиманскиот месец Рамазан, кој беше во фокусот на израелско-палестинскиот конфликт во претходните години. Полицијата соопшти дека поединци синоќа фрлале молотови коктели и пукале со огномет директно врз безбедносните сили.

Откако Ал Халхули паднал на земја, околу него се собрале неколку луѓе, а жена почнала да го вика неговото име. Момчето било пренесено во болница во критична состојба и по кратко време била констатирана смрт.

Крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир го пофали полицаецот кој пукаше и го уби момчето на Телеграм. „Ги поддржувам борците на Граничната стража кои ги ризикуваат своите животи за да не заштитат од бунтовниците во Шуфат. Војник уби терорист кој се обиде да пука со огномет кон војниците. Токму така треба да се справите со терористите – одлучно и прецизно“, рече Бен-Гвир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK