Израелската армија синоќа ги засили нападите на југот на Појасот Газа, тенкови и авиони го бомбардираа источниот и северниот дел на Кан Јунис, вториот по големина град на палестинската територија.
Очевидци изјавија дека ракети биле истрелани кон градот Рафа на југ и дека бил гранатиран бегалскиот камп Џабалија на север, а имало и судири во централниот дел на Појасот каде се наоѓаат камповите Магази и Буреиј.
Ал Џезира објави дека 15 лица загинале во израелски напад врз Деир ал Балах во центарот на Газа.
Нападите продолжија зошто Израел најави повлекување на дел од своите војници од Газа, но и дека се подготвува да ги продолжи воените операции најмалку шест месеци.