Израелците тврдат дека убиле уште 50 милитанти во близина на болницата во Газа

Израелска-министерка-го-цитираше-Ајнштајн-и-предложи-контроверзно-решение-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во продолжението на офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, загинаа уште педесетина милитанти, соопшти  израелската армија.

Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје. Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата.

Израелските сили упаднаа во најголемата болница во Појасот Газа во понеделникот рано наутро во напад врз Хамас и неговата инфраструктура. Во операцијата досега се убиени двајца израелски војници, а приведени се околу 160 осомничени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK