Израел му забрани на шефот на УНРВА да влезе во Појасот Газа, Стејт департментот реагираше

lazarini.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Агенцијата за палестински бегалци на ОН (УНРВА) Филип Лазарини и другиот персонал на ОН треба да можат да ги посетат областите на дејствување на агенцијата, вклучително и Газа, изјави за новинарите заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.


Пател рече дека не може да коментира зошто на Лазарини му бил забранет влезот откако УНРВА и Египет соопштија дека Израел вчера му забранил на шефот на агенцијата за бегалци да влезе во Појасот Газа.

„Ние сме на став дека тие треба да можат да ги посетат областите на делување на УНРВА, вклучително и Газа“, рече Пател на редовниот брифинг со новинарите во Вашингтон.

„Ќе продолжиме да работиме со владата на Израел за брзо и ефикасно одобрување на сите барани визи за персоналот на ОН и невладините организации“, додаде тој.

Пател рече дека слободното движење на меѓународните работници е клучен дел од хуманитарниот одговор во Газа, каде населението е на работ на глад откако Израел започна воена операција како одговор на смртоносните напади на милитантите на Хамас.

Вашингтон, инаку најголемиот донатор на УНРВА, го паузираше финансирањето на агенцијата во јануари, откако Израел обвини 12 од 13.000 вработени на агенцијата во Газа за учество во нападите на 7 октомври.

САД сè уште сметаат дека хуманитарната работа на УНРВА е неопходна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK