Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја проверуваат областа.
Армијата соопшти дека од синоќа силите „оперираат“ во источниот дел на Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.
Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафа.
Тројца хуманитарни извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.