Израел ја нападна Сирија, бомбардирани аеродроми во Дамаск и Алепо, пренесуваат сириските медиуми

Израел-ја-нападна-Сирија-бомбардирани-аеродроми-во-Дамаск-и-Алепо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сириската државна новинска агенција јавува дека израелските сили извршиле напад на сириска територија. Бомбардирани аеродроми во Дамаск и Алепо.


Информации пристигнуваат сега, пренесува британски „Гардијан“.

Локалните медиуми наведуваат и дека реагирала сириската противвоздушна одбрана, додека на социјалните мрежи се споделува информација дека се оштетени пистите на тие два аеродрома.

Се наведува и дека на пат за Сирија бил иранскиот министер за надворешни работи, чиј авион веднаш излегол од планираната рута и се упатил назад кон Техеран.

Нападот ги потврди стравувањата дека израелско-палестинскиот конфликт, кој започна во саботата и се претвори во најкрвавиот досега, може брзо да се прелее во околните земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK