Израелската војска за Ројтерс изјави дека влегла во северниот дел на Газа во текот на ноќта и ги проширила воените операции со пешадија и оклопни возила во опколената палестинска енклава, додека го засилува нападот врз милитантната група Хамас.
Воениот портпарол Даниел Хагари рече дека израелските сили сè уште се „на терен“, без да наведе детали.
Хагари, исто така, рече дека тие ги „прошируваат хуманитарните напори“ во саботата и ќе дозволат камионите што превезуваат храна, вода и лекови да влезат во јужниот дел на Газа.
Израелската војска во текот на ноќта ги нападна командантите на Хамас, вклучително и водачите на поморските и воздушните сили на групата, за што Хагари рече дека ќе им овозможи на „силите на теренот да се борат против послаб непријател“.