Израел ги повикува своите граѓани веднаш да ја напуштат Турција

Израел-ги-повикува-своите-граѓани-веднаш-да-ја-напуштат-Турција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција што е можно поскоро заради нивна лична безбедност, изјавија за AFP од конзулатот на Израел во Истанбул, наведувајќи ги засилените „терористички закани“ за своите граѓани во странство.


Според тој извор, безбедносната тревога за израелските патници во Турција „е подигната на ниво 4, највисоко“.

„Со оглед на постојаното зголемување на терористичките закани против Израел во странство сите Израелци кои живеат во Турција мора да заминат што е можно поскоро“, предупреди израелскиот Совет за национална безбедност во официјалното соопштение.

Во вторникот вечерта беа организирани протести пред израелскиот конзулат во Истанбул и пред амбасадата во Анкара, откако беше истрелана ракета врз болница во Појасот Газа, при што загинаа стотици цивили, пациенти и палестински раселени лица.

Израел и Палестинците меѓусебно се обвинуваат за ракетниот истрел, кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и го припиша на еврејската држава, осудувајќи го „последниот пример на израелски напади лишени од целото човештво“. Американскиот претседател Џо Бајден, кој  го посети Израел, ја поддржа верзијата на израелските власти за настаните, обвинувајќи ги палестинските борци за ракетниот напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK